ZaNas

ФОРЕС д.о.о.е.л-Скопје е компанија која успешно работи на полето на заштитата, а главна дејност и е Продажба,Сервис изработка на стабилни противпожарни и други безбедносни системи. Друштвото врши и изработка на противпожарни проекти и елаборати, продажба на противпожарни апарати, противпожарна опрема и заштита за спасување со обезбеден комплетен сервис и оригинални резервни делови и полнила.
Компанијата постои од 1992 год. и е Регистрирана под името ЕЛУКСПРОМ па на 26.03.2001 година да се Ребрендира во ФОРЕС д.о.о.е.л-Скопје Во неа моментално работат 5 лица, со тенденција за прием на млади стручни кадри од техничка струка заради обезбедување на потребни лиценци за работење во областа на противпожарната заштита, заштита при работа и животна средина.
Дејноста ја обавува во седиштето во Скопје, ФОРЕС д.о.о.е.л-Скопје е Генерален застапник увозник на опрема од познати бренд фирми во дејноста од: Австрија, Германија, Чешка, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска и други. Исто така, соработува со многу реномирани компании од Р. Македонија. Соработката е проширена и надвор од границите на Р. Македонија, со извоз на ПП апарати и друга опрема, како и сервисирање и изработка на системи во Косово.
Фирмата ги поседува задолжителните овластувања и потврди за положени стручни испити од Дирекцијата за заштита и спасување, како и сертификати и овластувања од нашите партнери во странство и овластувања за „А“ и „Б“ за Комората на овластени архитекти и инженери на Р. Македонија.
Во функција на ова се имплементирани и стандардите:

ISO-9001-2008

ISO-9001:2008

OHSAS_18001

OHSAS 18001:2007

ISO-14001-2004

ISO-14001:2004

Основно мото на фирмата е стручно, чесно и квалитетно работење и постојана посветеност и соработка со нашите партнери што ја потврдува нашата богата референца.
Во иднина се планира изградба на сопствен деловен простор, со сектори за:
Склад, сервис и лаборатории за безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита и животна средина како и отворање на нова подружница во Р. Македонија и преставништво во странство.
Со оваа реномирана компанија раководи Господин Стојановиќ Владица, дипломиран економист , во соработка со својот стручен тим и со надворешните соработници од Р. Македонија и странство.